Иако сите се надеваат дека тоа никогаш нема да им се случи, кога станува збор за изневерувањето, мажите и жените имаат многу поинаков поглед на нештата.
Кога ќе влеземе во нова врска, се надеваме дека конечно сме со човекот кој ќе ни биде верен до крајот на животот . Меѓутоа, ако би биле принудени да изберете, дали попрво би се согласиле да партнерот или партнерката имаат ”необврзна” секс афера или да се заљубат во некој друг, но тоа никогаш да не се реализира на физички план. Што би ве болело помалку ?
Верувале или не , кога станува збор за љубомора на потенцијална измама, во многу случаи , мажите и жените даваат сосема различни одговори на ова прашање.
Како што открива најновото истражување, жените многу потешко ќе поднесат нивниот сакан да се заљуби во друга, отколку да имаат случаен секс со дама која единствено физички ги привлекла. Скоро две третини од испитаничките се изјасниле дека емоционалната измама им се чини далеку пострашна од необврзната афера и би биле далеку повеќе љубоморни да знаат дека нивниот партнер романтично воздивнува за друга жена, отколку со неа да испробува нови секс пози.
Спротивно на тоа, мажите сметаат дека сценариото во кое нивната драга е во кревет со друг е далеку пострашно од тоа единствено “да воздивнува” по него. Едноставно кажано, кај посилниот пол физичкиот аспект на прељуба предизвикува многу силно чувство на изневерување, одколку емотивното неверство.
Поентата е дека мажите никогаш не можат да бидат сигурни во тоа дали жените носат нивно дете, па и сосема природно им е повеќе да се плашат од сексуално неверство. Од друга страна, за жените е важно да знаат дека до себе имаат партнер кој ќе се грижи за семејството, и поради тоа многу потешко им паѓа мислатата дека тие попрво би биле со некоја друга – ги објаснува резултатите од истражувањето, д-р Гери Брас од Универзитетот во Канзас.
Но, кога станува збор за поранешна љубов , работите се спротивни. Жените полесно ќе го поднесат фактот да саканиот има сеуште чувства за бившата девојка, отколку да спијат со неа . Меѓутоа мажите, во овој случај, полесно би прифатиле да бидат сексуално изневерени од нивната партнерка со бившиот дечко, а непростливо е за нив, е да знаат дека таа е се уште е вљубена во него.

You must be logged in to post a comment Login