Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Сакале или не, сите до еден се исти!

Мажите, сите до еден, се исклучително лоши во забележување на оние мали детали,на кои ние жените, исклучително внимаваме. И за жал, тоа не е затоа што не се грижат и не им е гајле, туку, едноставно тие не обрнуваат внимание на она што се случува. Девојки, тие едвај успеваат да ја запомнат секоја совршеност и несовршеност на вашето лице, (иако ве гледаат секојневно) а камоли да запомнат дали сината блуза која ја носите денес е поинаква од сината блуза која ја носевте пред некој ден.

 

 13 работи за кои едноставно не треба да им се лутиме што не ги забележале:

  1.         Нова чанта. За мажите, тоа е истата онаа торба во која ние жените ги складираме сите наши работи, освен што има различна боја и можеби големина. Доколку тие се прашуваат, сите чанти изгледаат исто🙂
  2.       Издепилирни/неиздепилирани нозе. Се додека не се појавиме како врколаци пред нив, веројатно нема да забележат дали имаме подраснати влакненца или не.
  3.       Нови ароматизирани свеќички –  Мало делче од нивниот мозок за да ги процесира аромите и да направи диференцијација, едноставно недостасува. Правете што сакате но тие никогаш нема да ја направат разликата помеѓу “Vanilla” или “French Vanilla” или пак “Vanilla Cupcake.”
  4.       Без шминка. Генерално на нас жените, ова ни е најтешко за верување, но тие некогаш не ни забележуваат дали имаме шминка или не. Навистина. Секако зборуваме за дневна нежна шминка. И доколку ни кажат дека не забележиле, обично добиваат куса лекција со повишен тон бидејќи лажелеJ 
  5.    Нови чевли. Девојки, тие никогаш дури не погледнуваат подолу од нашите колена. Причината е што својот поглед го задржуваат од колената нагореJ
  6.      Руменило. Тие обично не ни знаат што е руменило или пак како и каде се аплицира, па отука, како може да очекуваме дека ќе забележат доколку сме ја смениле бојата.
  7.     Целулит. Секоја од нас е дури и премногу критична за своето тело. И доколку тие мажите,  ни кажат дека нашата кожа е совршена и нема ништо,вообичаено возвраќаме со поглед кој ги боде во срце директно…Причината е што нивниот поглед и ум се фокусира на работите кои следат наместо на детална анализа на таканаречената „кора од портокал„.
  8.    Влакна од домашно милениче на нашата облека. За да го забележат ова, тие би требале да бидат програмирани да забележуваат мали работи таканаречени детали. Веќе кажавме дека не им оди со тоа нелиJ
  9.   Нова фризура. Се додека не ја избричиме нашата глава, тие сигурно нема да забележат дека нашата коса е 2/3 цм пократка или подолга.
  10.  Осветлени прамени. За нив, мажите, тоа е истата онаа коса и боја која ја гледаат секој ден, но ете, можеби дента сонцето светело повеќе па има преливање.
  11.  Нов сјај за усни. За нив, сите сјаеви за усни се исти, без исклучок. Не ни пробувајте да се објаснувате.
  12.   Нова нијанса на кармин. Мажите разликуваат само една боја на кармин и тоа е црвен кармин. Тоа е единствената боја за која се свесни.
  13.   Нови фармерки. Девојки, па тие неможат да направат разлика помеѓу своите фармерки, па како ние да очекуваме дека ќе ги забележат нашите.

Сумирано, доколку се останато е на завидно ниво во вашата врска, слободно игнорирајте ги погоренаведените детали. Едноставно не им оди и не им оди🙂

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement