Во врска, и тоа на почетокот важно е да обрнете внимание на однесувањето на партнерот бидејки со неговите гестикулации говорат повеќе од било што што тој кажува. Еве неколку трикови да го процените неговиот говор на тело со кој несвесно ги открива своите искрени чувства.
Ги покажува дланките – Кога партнерот разговара и ги испружува рацете така да дланките се свртени према горе, значи дека го имате во дланка. Таквата гестикулација значи дека тој сака да оствари длабока и емоционална врска.
Мафта со рацете додека разговара – Доколку премногу гестикулира со рацете во текот на разговорот тоа значи дека е одличен љубовник. Експертите тврдат дека таквите типови најчесто се
многу дарежливи и внимателни.
Ве држи гордо за рака во јавност – Мажите кои девојката ја држат за рака нежно и гордо бараат блиска емотивна врска а со тоа сака и јавно да го покаже тоа
Раката е на бутините, половината или на грб – Доколку раката на пратнерот е на едно од овие места а да тоа не е додека се милувате, тоа значи дека сексуално го возбудувате.
Сочен и долготраен бакнеж – Интензивен бакнеж кој трае 10 тина секунди тоа значи дека партнерот во неговата глава цел ден водел љубов со вас.
Лесно се смее – Тоа значи дека тој во ваше друштво се чувствува опуштено и може да биде свој, а со тоа тој ги покажува правите чувства и дава до знаење дека размислува за врска на долги стази.
Нежен бакнеж во образ – Ако во 9 од 10 случаеви се разидете резултира со нежен бакнеж во образ тоа е знак дека тој сака да се грижи за вас. Меѓутоа, припазете дека тоа може да биде и знак дека ја снемало страста.

You must be logged in to post a comment Login