Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Подгответе се за нова љубов

Мечтаете ли за нова љубов? И за тоа треба да бидете подготвени. Експертите советуваат дека треба да практикувате т.н. емотивен фитнес.

Дознајте како:

Вежбајте да бидете во сегашноста. Набљудувајте се. Почнете да вежбате длабоко дишење барем неколку минути на ден. Трудете се свесно да го набљудувате светот околу себе без осудување. Ќе се зачудите колку ќе ви биде емотивно подобро.

Развивајте благодарност. Позитивните емоции му помагаат на мозокот во креирањето на невронски врски со помош на кои човекот поуспешно одговара на сите животни предизвици. Секој ден сетете се барем на три работи за кои сте благодарни тој ден. Ќе видите дека со време ќе ви текнува на се повеќе работи за кои сте искрено благодарни.

Вежбајте го сопственото негување. Било да станува збор за пријателски, или интимни љубовни врски, најдобар начин да дадете сè од себе е вие да се поставите на прво место. Можеби ви се чини апсурдно, но мора да знаете кога треба да застанете и да одвоите време само за себе. Дури кога сте самите задоволни и на другите ќе им бидете корисни.

Запознајте се. Издвојте време и откријте какви сте навистина. Што ви е најважно во животот? Што ве исполнува? Водете дневник. Познавањето на себе си е услов за напредување во животот.

Залечете ги раните. Ако сè уште ве мачат стари рани и лоши односи, не воспоставувајте никакви други односи додека тие рани не ги залечите. Не мора постојано да бидете заробени во минатото. Соочете се со старите рани и ослободете се самите.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement