Секогаш би нашол начин да те види, а сега воопшто нема време • Ако сè му оди по нерви, тоа значи дека и ти му одиш по нерви
Не знаеме дали е подобро кога прекинот е очекуван или доаѓа одеднаш, но ако си една од оние кои сакаат да ги знаат работите однапред, ова се неколку знаци дека твојот дечко можеби навистина планира да прекине.
Многу е зафатен
Распоредот до неодамна му беше подложен на промени и секогаш би нашол начин да те види, а сега веќе воопшто нема време? Можеби навистина е зафатен, но и најзафатените луѓе наоѓаат време за својата подобра половина – освен ако веќе не ја гледаат како своја подобра половина.
Ја сменил сликата на својот профил
Од слатка, симпатична слика на која сте заедно или едноставно симпатична слика на која се глупира, до нешто…посекси? Се чини дека повторно му е важно другите жени да почнат да го доживуваат како привлечен дечко.
Го нервираш
Твоите мали, слатки ситни маани кои претходно му биле симпатични, одеднаш почнуваат да го нервираат? Изгледа престанал да те идеализира, а ако сè му оди по нерви, тоа значи дека и ти му одиш по нерви.
Не одговара на пораки
Претходно секогаш си можела да сметаш на одговор, а сега дозволува да го чекаш со часови или воопшто не одговара, а знаеш дека не е толку зафатен? Веројатно веќе не сака да се труди, што е еден од првите знаци дека размислува за прекин.
Чудно се однесува
Нервозен е кога сте заедно, не сака да зборува за работите за кои обично секогаш сте разговарале и едноставно се чини дека попрво би било на некое друго место? Веројатно затоа што навистина би бил на некое друго место.

You must be logged in to post a comment Login