Не, не мисламе дека самиот факт ако зборува со жена е измама, но ако со таа жена се зборува за проблемите што ги ние ги имаме во врска, тогаш тоа е некој вид на измама • Ако во текот на вечерта целото време го помине со една жена, тоа може да се толкува како флерт.
За тоа што точно е измама може да се зборува со часови – некои жени ќе речат дека тоа е само физичкиот чин на измама, некои ќе речат дека размислувањето за друга жена е доволно, во секој случај, мажите се оние кои често не изневеруваат, дури и пасивно.
Зборување со друга жена
Не мисламе дека самиот факт да зборува со жена е измама, но ако со таа жена зборува за прашања што ги имаме во врската, тогаш тоа е некој вид на измама. Освен ако не сме му дозволиле да ги подели нашите тајни – ако не, го крши правилото за молчење, дека сè останува во спалната соба.
Ги демнат своите бивши на Facebook
Нема ништо лошо во повремено проверување што се случува со нашите поранешни сакани, но ако тоа се случува на дневна основа – вашиот дечко пасивно ве мами. Фактот дека на дневна основа мораат да знаат каде, со кого и што работи поранешната љубов, може да значи дека таа се уште не е завршена.
Частење други жени
Се разбира , дека не е проблем ако се сврти круг за частење, но ако во текот на ноќта цело време ја чести една жена, тоа може да се толкува како флертувањето. Ако е само една од пријателките, ќе и дозволи да плати барем еден круг. Ова значи дека се обидува да ја импресионира.
Прикривање на девојката
Освен ако експлицитно не каже дека има девојка, значи дозволува друга жена заводливо да се однесува кон него. Не мора веднаш по запознавањето да каже дека е зафатен, но ако забележи дека една жена флертува со него, се очекува дека треба да спомне дека е во врска.

You must be logged in to post a comment Login