Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Овој тип на маж никогаш нема да ве ожени!

Голема е веројатноста дека ќе мора да бакнете многу жаби пред да наидете на принц. Оној вистинскиот сигурно некаде постои, но мора да бидете свесни и дека постојат типови на мажи за кои уште на почетокот знаете дека никогаш нема да ве запросат.

Не е подготвен за сериозна врска

Ова е можеби најчестиот тип на мажи кои никогаш нема да запловат во брачните води. Тој повеќе сака да влегува од врска во врска, а кога односот почнува да станува сериозен, ја подвиткува опашката и бега. Се плаши и ве остава соизвинување како сеуште не е подготвен за сериозна врска. Најверојатно е дека и никогаш нема да биде. Нема потреба да му објаснувате дека токму вие сте совршена за него и дека се обидувате да го смените, бидејќи ќе делувате како очајна девојка. Оставете го и не губете време со него. Искористете го времето за да го пронајдете вистинскиот.

Не ја преболел бившата

Овие момци дефинитивно треба да ги избегнувате доколку ве интересира сериозна врска. Ако често зборува за бившата, ви ги прераскажува нејзините навики, хоби, интереси, па дури и работите кои ги поминале заедно, знак е дека сеуште не ја преболел дури и ако не сака да признае. Нему дефинитивно му треба време да расчисти со минатото, па не можете да очекувате дека ќе ве запроси.

Работата на прво место

Фокусиран е на работата и се се врти околу неговата кариера. Премногу работи, па нема време за вас. Тоа е тип на маж кој мора да биде задоволен со работниот успех или барем да знае дека е на најдобар пат да ја оствари својата цел. До тогаш не очекувајте премногу од него.

Секогаш бара подобро

Со него ќе ви биде фантастично. Постои само една ‘мала’ замерка – не е во можност да се врзе. Тој постојано мисли дека нешто пропушта и дека со некоја друга ќе му биде подобро, иако она што го има со вас е фантастично. Сигурно не сакате животот да го потрошите на некој кој мисли дека не сте доволно добри за него.

Сите во неговото друштво се помлади

Тоа е маж во доцните четириесетти години. На биснис план е успешен. И додека сите негови пријатели од младите денови се скрасиле, тој упорно се дружи со многу помлади пријатели. Го интересираат забави и млади девојки. Тој, всушност самиот на себе не сака да си признае дека тие девојки не се со него поради неговиот изглед или духовитост, туку поради парите.

Сеуште не ја пронашол онаа вистинската

Ги преминал четириесеттите и никогаш не се оженил, од причина што не ја пронашол неговата сродна душа. Па запрашајте се – ако меѓу многуте девојки со кои се забавувал не ја пронашол вистинската, како можете да бидете сигурни дека вие сте таа?! Заштитете ги своите чувства и оддалечете се.

На прво место се неговите деца

Запознавте маж кој е разведен и има деца. Беспрекорно се грижи за нив и учествува во нивните животи. Токму тоа ве привлекло кај него, бидејќи татко кој се грижи толку многу за децата не може да биде лош човек.  Нема ништо лошо во тоа што тој е одговорен татко, но доколку вие за тоа помалку се гледате, запрашајте се дали некогаш во неговото срце ќе има барем малку место за вас.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement