Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Овие четири бакнежи мора да ги совладате!

Во машко-женските односи и врски се почнува со бакнување па баш затоа морате да му дадете прилично големо значење.

Можете ли да замислите врска во која нема бакнување? Тој сладок и интимен чин дефинитивно е една од најважните карики во машко-женските односи, па затоа има битна улога најпрво во ͈мувањето̎, потоа во одржување на врската а и во убовта воопшто. 

 

Било да сте човек кој повеќе сака да се бакнува или па помалку сака да се бакнува, постојат неколку бакнежи кои морате да ги надминете зошто без нив дефинитивно неможе да се функционира.


ПРВ БАКНЕЖ

Оној наслаткиот ама и најнеспретниот. Премногу јазик, премалку јазик, различен ритам… Понекогаш и стравот да не се уништи првиот бакнеж создава трема која може да го уништи овој момент. Наш совет – само опуштено. Само затоа што ви се чини дека правите нешто погрешно незначи дека и навистина е така. Ама ви гарантираме дека и личноста со која се бакнувате во тој момент се чувствува идентично.

 baknez 4

БАКНЕЖ ВО ЈАВНОСТ

Постојат парови кои незнаат дека во јавност немоѓат да се бакнуваат како што тоа го прават во своите четири ѕида. Бакнежот во јавност може да биде страсен ама воедно и пристоен пред другите луѓе. Во превод, ако случајните минувачи имаат чувство дека влетале во еротски филм зошто гледаат јазик на сите страни, значи тоа го правите премногу страсно. Јавниот бакнеж е сепак ͈посрамежлив̎ од оној дома.

 baknez 2

БАКНЕЖ ПРЕД РОДИТЕЛИТЕ

Овде помалку е дефинитивно повеќе. Секако дека вашите родители знаат дека се бакнувате ама тоа не значи дека треба да присуствуваат на десетминутно ͈лигавење̎ полно со страст и воздишки. Пред родителите применувајте минимализам, не зошто морате нешто да глумите туку едноставно така е пристојно.

baknez3

МИЛИОНИТИОТ БАКНЕЖ

Кога парот е многу долго заедно, бакнувањето може да падне во втор план што секако не едобро. Секако дека илјадитиот бакнеж нема да е како првиот ама мора да ја задржите навиката на бакнување, зошто бакнувањето ги зближува луѓето. Ако заборавате да се бакнувате ќе исчезнат пеперутките кои секогаш е добро да ги имате во стомакот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement