Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Осум знаци дека станавте пар кој на сите им оди на нерви

Сигурно на сите им е убаво да гледаат заљубени луѓе,  доколку не спаѓаат во група на луѓе кои презираат сè што искажува љубов поради сопствените љубовни неуспеси.  Во секој случај,  дури и на оние со најмеко срце,  некои парови може да им го уништат денот.  Проверете дали спаѓате меѓу нив.

 1. Постојано комуницирате кога сте раздвоени

Нон-стоп си испраќате смс пораки или се слушате на телефон кога не сте еден покрај друг.  А кога не зборувате меѓусебно, на другите им зборувате за вашата врска.

 2. Носите иста облека

Особено иритантно е кога паровите носат иста боја на облека,  дури и кога тоа го прават потсвесно.

 3. Ти премина во “ние”

Нема шанси луѓето да ве гледаат одвоено.  Исклучиво сте “ние” и сè правите заедно.  Ако некој повика еден од вас,  ќе се појавите и двајцата.  Ако некој довери тајна на еден од вас,  автоматски ја знаат двајцата.

 4. Користење на деминутив

Се обраќате еден на друг имитирајќи повишени детски гласови и се обраќате еден кон друг во деминутив.  Ова е навистина глупаво и ги иритира сите околу вас.

 5. Си испраќате смс пораки додека сте во иста просторија

Во друштво сте,  седите еден до друг и си испраќате смс пораки.  Зошто?

 6. Постојано си разменувате нежности во јавност

Бакнеж или два,  прегрнување во јавноста е во ред.  Можете да се држете за раце,  и тоа е прифатливо.  Но не е пријатно постојано да се “шлапате” пред другите.

 7. Си правите “inside” шеги

Никој не разбира зошто се смеете бидејќи постојано разменувате некои шеги кои ви значат само вас двата.

 8. Претерувате со слатките прекари

Крофничке,  мече,  сонце,  цвеќенце – НЕ!  Таквите прекари на сите им предизвикуваат мачнина во стомакот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement