Повеќето од жените посакуваат да ја освојат љубовта на една личност во одреден момент од својот живот. Без разлика дали сте во фазата “само пријатели“ или излегувате веќе некое време заедно, но сеуште ги очекувате магичните зборови, понекогаш, се што е потребно се неколку едноставни промени за да се подобри вашата врска.
Бидете негов пријател
Доколку го сакате, веројатно размислувате веќе на вашата иднина со него. Некои од најдобрите врски започнале како пријателство, и на подолги стази, цврстата пријателска врска трае повеќе од онаа во која постои сексуална привлечност, но не и вистинско пријателство. Гледајте заедно интересни филмови, прашајте го за совет, а во исто време, не заборавајте да флертувате со него, за да го потсетите дека вашиот интерес е повеќе отколку само платонски.
Покажете ја својата личност
Со други зборови, не плашете се да ве види во вистинско светло, каква што навистина сте. Кога жените се вљубени тие се обидуваат да покажат интерес кон сите работи кои нивниот човек ги сака, и нивните лични интереси и пријателства да ги стават во сенка на нивната врска. Треба слободно да ги споделувате вашите интереси и сочувате вашите цврсти врски со своите пријатели, а не да ги занемарите, и во исто време да ги негувате вашите заеднички интереси.
Покажете му дека се грижите
Бидејќи веќе толку многу го сакате, тој е несомнено многу посебен за вас. Тоа можете да му го покажете на многу начини. Доколку сте во врска, едноставниот допир, како што е држење за рака или пак прегратка, се само дел од начините со кои вие ги покажувате вашите чувства. Бидете прва која ќе го сослушате и ќе го посоветувате..сето ова ќе го зајакне неговото чувство дека навистина тој ви значи многу.

You must be logged in to post a comment Login