Повеќето од вас сигурно своите први состаноци со момчиња сте ги искусиле уште во средношколските денови. Притисокот може да биде голем, на училиште, од пријателите, телевизија и списанија каде жената изгледа дека почнува да излегува со момчиња уште веднаш по првиот купен градник. Но, постојат многу причини зошто не треба да се грижите ако сеуште не сте биле во врска.
На кој му е грижа ако другите го прават тоа?
Една од главните причини зошто жените се грижат ако досега не биле во врска е тоа што другите луѓе ќе кажат. Пробајте да гледате од друга перспектива. Апсолутно не постои начин вие да бидете единствените „ненормални” по тоа прашање. А оние кои веќе се во врска? На кому му е грижа за тоа? Не мора да правите нешто само затоа што другите го прават тоа.
Престанете да се грижите и уживајте
Имате многу години пред вас за состаноци, врски и брак. Па, дали навистина сакате да брзате кога овој период е единствениот период кога не треба да се грижите за тие работи? Престанете да се грижите и уживајте во својата младост.
Не ви е потребна врска во моментот?
Кога сеуште одите во средно училиште, многу е тешко да замислите каков ќе биде вашиот понатамошен живот, вашата иднина. А посебно, не можете да замислите колку е тешко да се биде одговорен и да се оди на работа, како и да се вложува многу труд во истата. Дали навистина ви е потребна врска во тој момент? Можеби имате поважни работи за кои треба да се грижите.
Дали сте подготвени?
Апсолутно не постои срам ако признаете, дури и само на самите себе дека не сте подготвени да стапите во љубовна врска. Можеби ќе чувствувате притисоци од околината, но ако не сте подготвени, немојте да стапувате во врска бидејќи истата може да ви донесе други видови на притисоци за кои, исто така, не сте подготвени.

You must be logged in to post a comment Login