Очигледно е дека вашиот партнер не е среќен со вас, доколку одеднаш е премногу зафатен, за сѐви ја префрла вината и избегнува да имате секс.
Мислите дека вашиот партнер е среќен со вас?Неколку показатели кои укажуваат дека не е среќен во врската, а нема храброст тоа да го призане.
1. Често е растревожен
Некои луѓе се тивки и секогаш се зафатени кога се несреќни. Доколку вашиот партнер, одеднаш, постојано е зафатен, време е да поразговарате. Вообичаените изговори на луѓето се гледање телевизија, играње видео игрици, довршување на непотребни работи. Некои воопшто не сакаат да зборуваат за проблемите, затоа обидете се да се ставите на нивно место, за да сфатите низ што сѐ поминуваат.
2. Често зборува за колегите и пријателите
Тоа може да биде знак дека тој е несреќен со вас. Кога не се задоволни во врската, создаваат нови пријателства и секогаш има некој кој им го привлекува вниманието. Можеби за тоа не се свесни, но толку се фокусирани на новото пријателство што постојано зборуваат за него.
3. Одговараат само со “да” или “не”
Ако се обидувате да зборувате со него или нешто го прашувате, а неговите одговори се само со “да” или ”не”, и тоа е така веќе подолг период, тоа е показател дека е несреќен и избегува да зборува со вас.
4. Повеќе време поминува со пријателите отколку со вас
Сосема е нормално да се гледа со пријателите, но ако со нив се гледа почесто, тоа може да значи дека не е среќен со вас и не сака да поминува многу време со вас. Би требало вие да бидете неговиот приоритет.
5. Избегнува секс
Ако одеднаш почне да избегнува секс или повеќе не сака да има секс со вас, тоа е причина за расправија или сериозен разговор.
6. Сѐ споредува со вашата врска
Приметувате дека врските на другите ја споредува со вашата? Ако одговорот е потврден, тоа значи дека не е среќен и дека очекува нешто од вас. Стануваме несреќни тогаш кога очекувањата не ни се остваруваат.
7. Секогаш ја префрла вината врз вас
Ова е уште еден показател дека е несреќен. Секогаш ја префрла вината врз вас и започнува кавга. Ова често се случува кај паровите. Разговорот може да помогне.
8. Не ве почитува
Доколку покажува знаци на непочитување, тоа може да биде знак дека е несреќен. Доколку тоа се случи наеднаш, поработете на тоа.

You must be logged in to post a comment Login