Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Не го правете ова ниту во името на љубовта!

Секоја врска, без разлика дали станува збор за однос помеѓу дечко и девојка, или партнерите се во брак, бара одредени жртви и отстапки од двете страни.

Сепак, постојат некои нешта кои не вреди да се жртвуваат, дури ни во име на љубовта.

Бидејќи девојките и жените се тие кои се повеќе склони кон отстапки, статијата е наменета токму за нив, иако и посилниот пол може да се најде себеси во содржината која следи.

Безрезервната љубов и пожртвуваност се во ред, но кога почнувате да ја гушите сопствената личност, време е да размислите што сѐ не вреди да направите во име на љубовта.

Не се откажувајте од соништата

Никогаш, ама никогаш и за никого не се откажувајте од сопствените соништа, сѐ додека нивната реализација не е причина за страдање на партнерот.

Никој нема право да ги потценува вашите соништа и да ве попречи во нивното остварување. Напротив, ако вашиот партнер навистина ве сака, ќе ве поддржи да ги следите соништата.

Најдете време и за другите

Врските во кои партнерот бара слободното време да го минувате само со него, честопати може лошо да влијаат врз вас.

Никој нема право да бара од вас да заборавите на блиските, нити пак да ве спречи да се дружите и да ви забрани да излезете со пријателите. Ваквата жртва би била преголема и неоснована, бидејќи ако некој ја бара од вас, верувајте не заслужува да бидете со него.

Не се менувајте

Љубовта значи да го прифатиш другиот со сите свои доблести и маани, а не да се обидуваш да го промениш. Ако партнерот постојано има забелешки за вашиот изглед, за стилот на облекување, телесната тежина и слично, запрашајте се дали за таква личност вреди да се менувате себеси? Во ред е да направите промени кај себе, но само ако самите почувствувате потреба за тоа. Изгладнување и диети за да се задоволи нечија суета е нешто што не смеете да го направите во име на љубовта.

Не дозволувајте да ве контролира

Врската подразбира договарање, разговор и заеднички одлуки. Да дозволите некому да ве контролира, да станете зависни во било која смисла е уште едно нешто кое не смеете да си го дозволите. Вашиот живот е само ваш и никој нема право на целосна контрола врз него.

Размислете, дејствувајте, никогаш не е доцна да се вратите на вистинскиот пат и да го земете вашиот живот во свои раце. Бидете толерантни, попустливи и давајте љубов, но не на сметка на уништување и деградирање на сопствената личност.

Животот е еден, живејте го квалитетно!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement