Последното истражување направено меѓу мажите покажало дека многумина го делат истото мислење кога станува збор за женската убавина и привлечност.
Се вели дека за вкусовите не се дискутира, тие се индивидуални. Меѓутоа, последното истражување спроведено меѓу припадниците на посилниот пол покажало дека кога станува збор за женската убавина и привлечност го делат истото мислење. Дали знаете дека дури 82% од мажите сметаат дека фризурата на жената е клучен зоведувачки фактор?
Иако не постои маж кој може да одлее на долги и витки нозе, заводливо деколте или преубава насмевка, истражувањето на магазинот Glamourоткрива дека косата е пресудниот фактор кој игра голема улога кај женската привлечност.
– Кај 74% од мажите косата на жената е пресудниот фактор за заводливост
– 44% од мажите прво ја приметуваат косата кај жената, а потоа облеката и шминката
– 82% од мажите сметаат дека секси фризурата е пресудниот фактор за заводливост
– 60% од мажите признале дека поверајтно е да излезат со девојка која има совршена коса, отколку со онаа која има големи гради
– 78% од мажите признале дека ги возбудува сјајна и здрава женска коса
По ова истражување, доколку сакате да бидете приметени, заборавете на шминката, маникирот и солариумот. Време е да го посетите вашиот фризер и да си дозволите права нега на косата. Тоа ќе ве претвори во вистинска заводничка.
.

You must be logged in to post a comment Login