И мажите и жените се раководат според одредени трикови со цел да го привлечат вниманието на спротивниот пол, а всушност станува збор за работи кои сосема се разликуваат.
Во машката природа е да заведуват, а жените да бидат заведени. Сепак, модерното време малку ги смени правилата, па улогите во одредени ситуации целосно се заменети – жените заведуваат, а мажите се заведени. Меѓутоа, без оглед на тоа, однесувањето на жената и однесувањето на мажот за време на заведувањето целосно се разликува.
И додека жените користат одредени трикови за да го привлечат вниманието на момците и да ги привлечат да им пријдат, мажите користат разни фори и фазони за да ја наведат дамата да посака тој момент никогаш да не престане.
ТРИКОВИ КОИ ГИ КОРИСТАТ МАЖИТЕ
Насмевка
Мажите секогаш се смешкаат во пријатно друштво. Ако момчето не ја трга насмевката од лицето додека зборува со девојката, голема е веројатноста дека истата му се допаѓа.
Допири на лицето
Кога одреден фраер го привлекува жена, кожата на лицето му станува чувствителна поради што има потреба има потреба да се допре по образите и брадата.
Движења на рацете
Колку повеќе флертува мажот, толку повеќе ги користи рацете за да гестикулира во текот на разговорот.
Се прави важен
Ако мажот лежерно седи со раширени нозе, се обидува да изгледа моќно со цел да се покаже пред жената.
ТРИКОВИ КОИ ГИ КОРИСТАТ ЖЕНИТЕ
Лицето открива се
Жената која ги подига веѓите, а со тоа се смее, јасно зборува дека е заинтересирана за мажот.
Играње со косата
Жената која си игра со косата и која со прстите ги врти прамените, јасно дава до знаење дека е заинтересирана за “мување” и дека мажот е неодолив.
Метод на смирување
Кога се заинтересирани за одредено момче, а притоа малку нервозни, жените се играат со ноктите.
Прекрстување на нозете
Жената која е заинтересирана одреден маж со кого разговара ги прекрстува нозете, а особено е добар знак ако врвовите на стапалата и се насочени кон него.

You must be logged in to post a comment Login