Малите работи го разубавуваат живото. Не морате да отидете на скапо патување за да се осеќате добро – постојат работи кои се бесплатни, а многу позитивно влијаат на емоциите.
Долга ноќ со сладолед
Да, баш како на филм. Изберете ден кога ќе заборавите на цел свет и едноставно ќе уживате еден со друг. Со сладолед. Омилени филмови, неколку кутии од омилениот сладолед и две лажици – тоа е се што ви е потребно за совршена вечер.
Гледање на заоѓањето на сонцето
Можеби звучи малку клише бидејќи тоа го прават најголемите романтичари, но пробајте. Пролета е тука, што значи дека е идеално време за дружење на балконот. Замотајте се во ќебе и заедно гледајте го заоѓањето на сонцето, а подоцна…под ќебето можете да правите што сакате.
Ноќни разговори
Повторно како на филм, но ретко кој пар го прави тоа. Легнете во кревет, изгасете светло, и наместо да се фрлите еден на друг, фрлете се на разговор. Можеби нема да биде едноставно на почетокот, но кога еднаш ќе влезете во шемата, можете да зборувате цела ноќ, за било што. Иако следниот ден ќе бидете ненаспани, ова зближување е вредно за подочњаците.
Масажа
Ова не треба дополнително да се објаснува. Не морате да одите во скап салон за да уживате во масажата. Договорете се кој прв ќе масира и почнете.