Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Лошиот брак може да ве убие

Познато е дека незадоволството во бракот ги прави луѓето несреќни. Но сега истражувачите тврдат дека крајниот резултат може да биде фатален.

Американските истражувачи веруваат дека несреќниот брак може да предизвика стрес кој може лошо да влијае на менталното здравје на партнерите. Тие веруваат дека луѓето кои се несреќни со своите партнери имаат поголем ризик да заболат од депресија, висок притисок и болести на срцето.

Резултатот, велат научниците од универзитетот во Мичиген, е пресуден во моментот кога секоја втора личност има проблеми со срцето. “Идејата ни е да пронајдеме валидни докази како бракот влијае на здравјето на срцето и да ги објасниме механизмите во врската. Резултатите ќе имаат значително влијание на работата во пракса”, вели др. Хиу Лиу, лидер на ова истражување.

Таа објаснува дека научниците имаат причина да веруваат дека бракот е најважната општествена врска која влијае на нашето здравје. Исто така верува дека среќниот брак внесува среќа во животот и помага на физичкото и психичкото здравје.

Од друга страна пак, стресот во лошиот брак носи депресија. Ова пак може да поттикне нездрави навики – алкохол и цигари, кои го подигнуваат нивото на хормоните на стресот.

Хормоните на стресот директно влијаат на крвниот притисок и водат кон болест. Ова не е прва ваква студија на оваа тема, неодамна една студија која се занимавала со поддршката помеѓу партнерите, исто така дала резултати дека партнерите кои не се чувствуваат поддржано од својот брачен другар, почесто заболуваат од болести на срцето.

Друга, исто така неодамнешна студија, дава резултати за позитивното влијание на среќниот брак на коските на мажите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement