Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Лоши момци: секогаш го избирам погрешниот

Рамбо или заводник, егоист или мрзливец: таквите мажи треба да се избегнуваат. Сепак, многу жени целиот живот ги привлекуваат токму такви личности.

“Има ли нешто подобро од добар маж? Лош маж!” Така мислат повеќето жени. Колку и да ги критикувате, лошите момци, со страстен пламен, привлекуваат неодоливо. Отсекогаш било така. Можеби затоа што, како што вели старата изрека, “добрите момци одат во рајот, а лошите каде што ќе посакаат”. Или, можеби, затоа што во секоја жена се крие потребата да ја изведе “залутаната душа” на прав пат? Во секој случај, факт е дека добриот тешко ќе го најде своето место во сексуалните фантазии на женскиот пол. Зошто?

Затоа што лошите момци, во разни “облици”, од Рамбо до заводник, од егоист до мрзливец, знаат како да се претстават. Освен тоа, ја имаат онаа недофатна привлечност на личност која секогаш живее на работ. Според мислењето на американскиот психолог Дејвид Де Ејнџел, експерт на полето на заведувањето, секоја жена во својата потсвест има “втиснат” одреден тип на маж: за некои тоа е пример на добар сопруг, а за некои совршен љубовник. Овие последни љубовни страдања ги сметаат за некоја врста на потврда дека се навистина заљубени.

Жртвување на личноста

Зашто некои жени паѓаат, секогаш, на истиот, “погрешен” тип на маж? Тоа им се случува дури и на искусните жени со развиена свест за себеси, па се однесуваат како да не научиле ништо од минатите грешки и болни искуства. Тие во таквите мажи, често, гледаат личност што може да им даде чувство на сигурност и стабилност, а што до некоја мера ги потсетува на нивните татковци што ги решавале сите нивни проблеми. Сметаат дека се привлечни бидејќи се претставници на машката сила. Но, таквите врски, во поголемиот број случаи, не можат долго да траат бидејќи жената мора да ја жртвува својата личност во корист на партнерот.

Како да се живее со него?

Особено е важно, ако сте во врска со таков маж, да не се насочите само на врската и тој да не стане центар на вашиот живот. Морате да го задржите својот друштвен живот, не одрекувајќи се од сопствените интереси и пријатели. Обидете се “надвор” да го надоместите она што ви недостига во врската. Имено, во случај на прекинување на врската, пријателите и хобито стануваат некој вид на сламка на спасот.

Како да го оставите?

Со таквите личности треба да се постапи остро и кога сте одлучиле дека е крај, треба да ги срушите сите мостови, без размислување. Но, тоа е полесно да се каже отколку да се направи бидејќи, во својата себичност, тој ќе ве заведе со слатки зборови и ќе ве увери дека од утре се ќе биде различно. Всушност, таквите ликови се многу вешти во убедувањето и подготвени се да ветуваат брда и планини само да не ги оставите. Не постои некоја формула, бидејќи во секоја врска постои цел низ различни аспекти што влијаат на ситуацијата, затоа секој случај треба да се анализира посебно. Добар начин да ја преиспитате врската и својата улога во неа е привремено да се раздвоите од партнерот: по периодот на раздвоеност и самостојно размислување за ситуацијата, можеби ќе сфатите што, навистина, е најдобро за вас и што, навистина, сакате.

Типови на жени што секогаш наседнуваат

 •Потребен ви е некој што ќе го сакате

Вашата желба е толку јака што, за негова љубов, сте потготвени целосно да се поништите себеси. Веројатно ќе завршите со себичен маж чија единствена цел е да ги задоволи своите потреби. Но, да живеете само за партнерот и да му бидете секогаш на располагање за вас ќе претставува задоволување на вашите потреби да имате некој што може да го сакате. За цената, не прашувајте.

• Во животот барате сигурност и стабилност

Со тоа ризикувате да паднете во прегратка на маж од типот на Рамбо, одлучен и бестрашен. Зад неговите широки гради ќе се обиде да ја сокрие својата кршливост.

• Сакате предизвици и ризици

Не можете да одолеете на непоправливиот заводник што ќе го сакате дури и кога ќе бидете сигурни дека ве изневерува. Ќе се тешите мислејќи дека, порано или подоцна, ќе се врати кај вас.

• Живеете во страв дека ќе останете сами

Вака ќе се задоволите и со неработник и мрзливец, само да не останете сами. Подготвени сте на се за да го задржите по секоја цена: дури и на тоа да му обезбедувате пријатен живот со вашите пари.

Треба ли да настојувате да го смените партнерот?

Зборувајќи општо, не е во ред да се обидувате да смените било кој. Од гледиште на психологијата, обидот да го смените партнерот никогаш не е добар потег: била должност на неговите родители да го воспитаат и да го усмерат на правиот пат, а партнерката во никој случај не смее да ја преземе улогата на мајка! Впрочем, некогаш, меѓу сопругите и девојките, било доста раширено обидувањето да сменат одредени особина на своите партнери, но денес постои обратна тенденција. Повеќето жени сфатија дека не е ниту можно, ниту правилно да се бара од партнерот да се прилагоди на нивните желби, па ги сакаат на поздрав и поискрен начин своите мажи, прифаќајќи ги со сите нивни мани и поголеми недостатоци. Сепак, треба да се каже дека промената, сама по себе, не е ништо лошо или погрешно. Каква е таа љубов што не би сменила две личности? Ако партнерите се блиски и многу поврзани, се менуваат заедно, често, на неочекуван начин. Не е погрешен ниту обидот да се направи компромис или да се замоли партнерот за некои отстапки. Мажите, често, ги сакаат оние жени што се подготвени да им помогнат да се сменат на подобро. Но, секоја одлука, вклучувајќи ја и онаа за ослободување од лошите навики, пороци и слично, мора да се роди спонтано и од доверба. Не смее да биде последица на постојан притисок или од инсистирање што се доживува како наметнување на туѓата волја.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement