Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Љубовта е во мозокот, а не во срцето!

Научниците веќе одамна потврдија дека љубовта се крие во мозокот, а не во срцето, како што вообичаено се мисли. Меѓутоа сега отидоа чекор понапред за да ја откријат нејзината точна адреса! Изгледа љубовта живее во озлогласеното место во мозокот– во центарот за зависности. А доколку ја поврзете зависноста со страста – добивате љубов за цел живот!

Aко може да им се верува на научниците од Универзитетот Конкордија во Монтреал, љубовта „живее” во делот на мозокот во кој се и „штекерите” за алкохол, коцкање и наркотици, пренесува „Men’s Journal”.

Тимот на научниците се потрудил да го лоцира делот на мозокот од кој потекнуваат „љубовните импулси” кои предизвикуваат чувство на заљубеност и припаѓање. Се испоставило дека се сместени во истиот дел на мозокот каде што се сместени и клетките кои реагираат на пороците предизвикувајќи зависност.

Како резултат на истражувањето направиле мапа која ги прикажува деловите на мозокот кои ја предизвикуваат љубовта.
Желбата, љубовта и зависноста се соседи, тврдат тие.

“Кога сме заљубени, се држиме за рака и се гледаме долго во очи на специјален начин и таквото однесување пренесува во навика, објаснува доктор Фаус, додавајќи дека истата ситуација е и во случајот на зависност.

Интересно е што за сексуалната желба е задолжен сосема друг дел од мозокот ! Затоа е можно на пример да се ужива во стриптиз, или да се има секс, без чувство на заљубеност. Причина за разделба на многу парови.

Но ако успеете да ги споите овие две чувства или два дела од мозокот со невидливи невронски нишки – центарот за љубов и центарот за сексуална желба, тогаш сте добиле џек пот, тврди тимот на Фаус.

Тоа е и тајната на долготрајната љубов што сите ја посакуваат, онаа “за цел живот” – поврзување на вљубеноста и страста.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement