Серијата “Сексот и градот” своевремено иницираше вистинска револуција од која се уште е тешко да се откажете. Омиленото ТВ лице Кери Бредшо низ многу сезони помина низ различни љубови, со оние повеќе и помалку среќни завршетоци. Затоа во нејзините цитати може да се најдат и оние заљубените и оние кои се сеуште во потрага, а ние ги избравме нашите омилени изјави на Кери Бредшо.
“Можеби некои жени не можат да се скротат. Можеби треба да останат слободни се додека не најдат некој еднакво див да трча по нив.”
“Не заборавајте прво да заборавите да се заљубите во самите себе.”
“Подоцна тој ден размислував за врските. Постојат оној вид на врски кои те запознаваат со нешто ново и егзотично, онаа старата и веќе позната, онаа која носи многу прашања, онаа која ќе те однесе далеку од почетната точка и онаа која ќе те врати на почетокот. Но, највозбудлива, најважна врска е онаа која ја имате со самите себе. И ако можеш да пронајдеш некој кој ќе те сака како што се сакаш самиот себе, тоа ќе биде едноставно совршено.”
“Сродни души. Два мали збора. Една голема идеја.”
“Таму некаде во светот е уште еден мал чудак кој ќе не сака и разбира и бакнува нашите три глави и ќе направи сè да биде подобро”.
“Ти и јас сме како тој црвен ѕид. Добра идеја во теорија, но некако едноставно не функционира.”
“Single статусот некогаш значеше дека никој не те сака. Сега значи дека си прилично секси и привлечна, но си земала време да одлучиш што сакаш во животот и со кој сакаш да го поминеш.”
“И тогаш сфатив дека дваесет-годишните девојки се супер, се додека не видиш една со мажот кој ти го скршил срцето.”
“Мислев дека луѓето кои седат сами во Старбакс и куцкаат по своите лаптопи се претенциозни позери. Но сега знам: тоа се луѓе кои неодамна се вселиле со некој.”
“Порано или подоцна сите парачиња си доаѓаат на свое место…До тогаш, смеј се на конфузијата, живеј за моментот и знај дека сè се случува со причина.”
“Никогаш нема да бидам жена со совршена коса која може да носи бело и да не истури ништо на себе.”
“Ако двајца луѓе имаат само една мисла помеѓу себе, тука е нешто погрешно.”
“Многу згодни мажи никогаш не се добри во креветот, бидејќи никогаш не морале да бидат.”
“Брам љубов. Вистинска љубов. Луда, незгодна, егзотична…љубов.”
“Велат дека ништо не трае засекогаш; соновите се менуваат, трендовите доаѓаат и си одат, но пријателството никогаш не излегува од мода.”

You must be logged in to post a comment Login