Се скаравте? Избројте до 10 пред да го објавите тоа на друштвените мрежи. Тоа беше некогаш, а вие од тинејџерските денови многу напредувавте. Времињата се сменија, а со тоа дојдоа и нови правила за паровите.
Бидете себе на прво место
Заљубени сте, среќни, разбираме. Но, не постои ниту една причина зошто да се посветувате исклучиво на партнерот. Тие кои посветуваат време за подобрување на себе имаат многу поуспешни врски од оние чиј фокус се сведува на момчето.
Сексот на брзина е секогаш добра идеја
Знаеме дека звучи неромантично, но брзинскиот секс во кујната може да направи чуда за вашата врска. Вашата страст е секогаш тука. Дозволете себе да се препуштите без размислувања и планирања. Живееме во брз свет во кој можеме да заборавиме на важните работи, а сексот е една од оние работи на кои никако не смееме да заборавиме.
Одите во кревет лути
Досега сите не советувале да решиме се пред да одлучиме да одиме лути на спиење. Сега правилото се променило и гласи: ако одите во кревет лути, големи се шансите дека во РЕМ фазата на сонот самостојно ќе решите она што ве мачи затоа што тогаш мозокот ги преуредува сеќавањата. Во превод, ќе се разбудите помалку живчани поради синоќешната кавга и ќе ја решите на мирен начин.
Подалеку all mobile porn од Фејсбук
Во текот на кавгата имаме потреба друштвените мрежи да ги користиме како издувен вентил. Знаеме дека не мораме да напоменуваме колку е тоа глупо, но исто така знаеме дека во вакви активности се впушта секој трет пар. Вашите кавги се приватна работа, само така врската ќе функционира.

You must be logged in to post a comment Login