Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Колку машкото треба да биде повисоко од својата девојка?

Висината е сепак важна! Новото истражување покажува дека жените сакаат мажи кои се повисоки од нив за 12,7 цм.

Кога станува збор за љубовта се чини дека висината не е важна. Но, новото истражување покажува дека жените сакаат мажи кои се повисоки од нив за 12,7 цм. Токму тоа е разликата помеѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, што мораме да признаеме дека оддаваат впечаток за навистина складен пар.

Исто така, направена е анкета помеѓу 2000 испитаници каде дури 70% изјавиле дека се чувствуваат подобро во врската кога мажот е повисок.

Секој 5-ти испитаник се сложил дека најдобра е висинската разлика меѓу 10 и 15 см, а секој 10-ти изјавил дека најдобро е кога партнерите имаат иста висина.

Се смета дека идеална е висинската разлика помегу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Неговата висина е 190 см, а нејзината 177см. Се чини дека висината е одлучувачки фактор за пронаоѓање на партнер, но сепак 24% од жените и 35% од мажите сметаат дека висината воопшто не е важна.

Резултатите покажуваат дека дури 83% од жените и 89% од мажите се задоволни со висината на своите партнери, а само 14% од жените посакуваат нивните партнери да се малку повисоки.

Иако за повеќето жени висината на мажите не е важна, 6% од мажите изјавиле дека барем еднаш им се има случено да не ѝ пријдат на некоја жена бидејќи сметале дека се прениски за неа.

Истражувањето покажува дека кога станува збор за висината сите имаат свои лични мислења и желби… Но, како што напоменуваат стручните лица, висината е важна, но не би требало да биде пречка за вистинската љубов.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement