Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како навистина да уживате во сингл статусот?

Еден од начините како да уживаш во сингл статусот е да застанеш и да почнеш нешто да работиш • Искористи го ова слободно време и за пријателите, бидејќи тие се првите за кои ќе имаш помалку време кога ќе се заљубиш

Супер е да имаш некого со кого ги делиш сите животни успеси и падови. Но постојат и начини како да уживаш во „самотијата“.

 

1. Биди продуктивна

Еден од начините како да уживаш во сингл статусот е да застанеш и да почнеш нешто да работиш – барај работа, започни нешто свое, најди ново хоби, патувај… Тоа може да биде било што, само е важно да почнеш да остваруваш. Сега имаш најмногу време за тоа.

 

2. Опкружи се со пријатели

Искористи го ова слободно време и за пријателите. Тие се првите за кои ќе имаш помалку време кога ќе се заљубиш. Организирај дружење, кое немора да биде седење во кафич, и забавувајте се. Со нив секогаш сè е полесно.

 

3. Унапреди ја својата кариера

Сега секако имаш време за уште нешто, а тоа е да се посветиш на својата кариера, без разлика што значи тоа за тебе – напредување на моменталното работно место, барање работа, промена на работно место, започнување на нови деловни идеи, итн. Луѓето не се свесни за своите граници, додека не ги искусат.

 

4. Флерт

Уште една предност на сингл животот е секако и тоа што можеш да правиш што сакаш, кога сакаш и со кого сакаш. Не советуваме да си играш со нечии чувства, но не плаши се и да се забавуваш. Сето тоа е живот. Исто така, можеш да откриеш кои работи нема да ги толерираш кај следниот дечко, а што е она што ти се допаѓа.

 

5. Посвети се себеси

Кога си во врска, „јас“ станува „ние“ и сигурно дека сакаш да го задоволиш партнерот. Тоа не значи дека треба да се промениш, но работите кои тој ги сака, веројатно ќе ги правиш почесто, ако навистина ти е важен. Сега додека си соло, не мора да се грижиш за тоа што го прави него среќен, туку само за она што тебе те прави среќна. Можеш многу да научиш!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement