Не морате да ги слушате лекциите од мајките, пријателите нема да ве спојуваат со чудни ликови со кои работат или го поминале детството.
Врската ни го менува животот на подобро, а еве кои сѐ предности на животот се во врската.
За почеток, можеби и најважно – редовен секс. Ако до сега сте имале пријател со бенефиции, сексот сигурно не бил редовен колку што вие сте сакале, бидејки и двајцата сте имале некои обврски кои ве спречувале во тоа. Но, ако е во прашање маж со кој сте во врска, редовниот секс би требало да биде правило.
Исто така, можете да воздивнете – нема повеќе лоши соединувања и местени состаноци. Не морате да ги слушате лекциите на вашата мајка, ниту пријателите ќе ве спојуваат со чудни ликови со кои работат или го поминале детството, едноставно, тоа сѐ е минато за вас. Голем плус. Да се има придружба секогаш на располагање е прилично добра работа, бидејки ако ништо друго на забавите нема да ви приоѓаат секакви типови, кои после три пива се претвараат во најголеми заводници на светот.
Што е уште подобро, нема да имате потреба да му ѕвоните на мајсторот за секоја глупост, затоа што ете мажот е тука, а ако не знае да поправи ќе му биде срам.
И за крај, но не и помалку важна работа – оддеднаш ќе имате нешто повеќе пари затоа што барем основните трошоци ќе ги делите.
Сѐ на сѐ кога ќе се собере, се исплати да се има дечко…..

You must be logged in to post a comment Login