Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Изневерување – прошка и заборавање?

Една стара поговорка вели: “Полесно се проштева направен грев, отколку што се заборава”.

Во продолжение следат 4 важни прашања на кои треба да си дадете и пронајдете одговор за да сфатите дали ќе продолжите понатака со врската.

Дали било само еднаш?

Ова можеби на многу од вас ќе ви се чини како небитно прашање, но навистина е значајно кога треба да донесете одлука околу (не)простувањето. Така изневерувањето можеби настанало како момент на слабост или пак веќе подолго време се случува.

Дали партнерот сам ја признал вината?

Можеби партнерот сам ви го признал тоа. Но можеби сте дознале на најлошот можен начин. Како и да е, соберете си ги мислите и решете со трезен ум. Не дозволувајте партнерот да го злоупотреби добро познатото “Кој признава пола му се простува”.

Дали ќе си дадете доволно време на себеси за да одлучите дали да му простите?

Ќе си дадете ли доволно време на себе да размислите со трезен ум? Дали партнерот е подготвен тоа време да го прифати и да размисли и тој со трезен ум или ќе сака да слушне одлука што побрзо од вас? Разговарајте ослободени од сите притисоци, кога ќе почуствувате дека е најдобро време за тоа. Во споротивно може да донесете само погрешна одлука.

Дали ќе можеш да заборавиш?

Да се вратиме на почетокот. Лесно е да се прости, но да се заборави? Е тоа е навистина тешко. Бидете спремни на се. Дури и да простите и да пробате да заборавите, сомнежот дека партнерот повторно може да ве изневери секогаш ќе биде присутен меѓу вас.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement