Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Дознајте дали тој е вашиот следен поранешен

Знаете ли што е рационализација?

Тоа е кога вашиот партнер прави нешто погрешно, но вие неговите постапки се обидувате да ги оправдате и да ги направите логични.

Ова се три клучни области во кои рационализацијата најчесто доаѓа до израз:

Бес

Оној што често е лут и тоа го покажува на самиот почеток од врската би можел да биде емоционално нестабилен. Поради неговиот бес вие може да се почувствувате помалку вредна. 
Вистинската интима е во чувството на доверба и сигурност, што е невозможно да се доживее со некој кој цело време е лут. Бесот во никој случај не смее да биде прва реакција на проблемот. Ако тој ви кажува дека се однесува така бидејќи сте му блиска и дека пред вас може да биде тој што е навистина, бегајте од него, бидејќи тој сигурно е вашиот следен поранешен.

Граници

Важно е границите да ги поставите на почетокот од врската, бидејќи така ќе поставите поздрави основи за врска. На пример, доколку вие не сакате тој да јаде од вашата чинија или да пие од вашата чаша, а тој намерно го прави тоа, би можело да дојде до проблеми. Не затоа што тоа е најлошата работа на светот, туку затоа што тој не ја испочитувал вашата молба и така ви покажал дека не ве почитува.

Пари

Богатите знаат да бидат алчни, а често и емоционално недостапни. Тоа што на почетокот е подносливо може да стане предмет на расправија во иднината. 
Другата страна е купувањето подароци и „покажувањетo“. Скапоцениот накит на вториот или третиот состанок е знак за аларм. Повторно, немојте да рационализирате дека тој е само дарежлива личност која има добар вкус. Ако ве опсипува со скапи ситници и скапи вечери, тоа повеќе зборува за она што нему му е потребно за да се чувствува добро, а тоа е знак дека тука се крие големо количество на нарцизам.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement