Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Чуден показател за тоа дали вашата врска ќе успее

Спроведени се голем број на истражување чија цел е да ги утврдат показателите за успешна и долготрајна врска, но со последното истражување се откри нешто ново и необично.

Според истражувањето објавено во списанието Psychological Science, успехот на вашата љубовна врска може да се предвиди според зборовите кои ги користите вие и вашиот партнер. Студијата покажала како паровите кои користат ист вид на зборови како заменки, сврзници или предлози, имаат поголема веројатност да успеат.

Научниците на Универзитетот во Тексас претчувствувале како говорот влијае на успешност на врската, притоа не земајќи ги во предвид “валканите” зборови кои се изговараат во текот на сексот. Тие спроведоа две студии за говорните разлики помеѓу партнерите. Ги мереле суптилните нијанси во разговорот и пишувањето помеѓу две лица. Особено обрнувале внимание колку се користат зборовите како, јас, таа, тие, додека, никогаш, многу, особено, затоа и слично, на што луѓето скоро никогаш не обрнувале внимание, а научниците велат дека тие многу кажуваат за личноста на поединецот.

Во првото истражување се испитувале брзи состаноци помеѓу 40 мажи и 40 жени. Изненадувачки, луѓето кои користеле слични зборови, обично биле и компатибилни и подобро се согласувале на состанокот.

Во друго истражување, се проучувале пораки помеѓу 86 парови и исто така се утврдувале јазичните форми. Првиот ден, паровите биле прашани за тоа колку се задоволни со нивната врска, а по три месеци биле проверувани како се развила врската, т.е. дали парот сè уште е заедно.

Оние кои користеле слични зборови имале два пати повеќе шанси за да останат заедно и по три месеци.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement