1. Ако сакам, секако дека ќе ставам дебел слој црвен кармин, ќе испијам шампањ колку што сакам и ќе изедам половина килограм чоколада .
2. Ќе си купам сама на себе свежо цвеќе и тоа свежо набрано, фала многу.
3. Секако дека можам да излезам и да си ја дозволам највкусната и најскапата вечера или пак ќе ги потрошам моите пари како јас сакам – луксузна масажа, брендирано парче гардероба или што и друго да посакам.
4. Ќе ја поштедам мојата најдобра другарка со заморните муабети и црните мисли дали моето суперфраерско момче нема да ме откачи за вечерта.
5. Воопшто не се заморувам што прави моето поранешно момче за св. Валентајн. Доколку има нова девојка, ќе треба да потроши пари на неа, а тој толку многу го мрази тоа🙂
6. Неморам да се грижам дали „фамозниот„ св. Валентајн ги исполнил очекувањата на моето момче.
7. Баровите за време на св. Валентајн се неофицијална „single night„ забава, која јас можам да ја доживеам како сакам🙂
8. Да бидеме искрени – голем дел од нас мисли дека овој празник е смешен, без разлика дали сте слободни или во врска. Тогаш, што е со заморувањето?
Следниот ден и онака чоколадните бомбони ќе бидат на половина цена🙂

You must be logged in to post a comment Login