Вистината што треба да ја прифатиме е дека сите различно изразуваат љубов и чуства, разликата е особено голема меѓу момците и девојките.
Момците се оние кои многу ретко зборат за нивните чуства, тоа не значи дека ги немаат, туку не сакаат да го прават тоа често.
Не трудете се да ги разберете како се чуствуваат во секоја ситуација и што чуствуваат за вас, често не ни размислуваат на тоа, а поголемиот дел го избегнуваат „лигавењето“ што жените го сакаат – не го сфаќајте тоа лично!
Сепак, има неколку знаци кои укажуваат дека тој полека или веќе е заљубен во вас.
1. Ви праќа глупи пораки
Колку е побанална пораката, толку повеќе е заљубен. На пример, ако ви пише дека пие некоја пијачка (а сте му кажале дека таа ви е омилена) или дека видел куче исто како вашето, веќе е заљубен. Верувајте, сака да ви каже дека во моментотби сакал да го шетате кучето или да сте заедно излезени.
2. Ти се јавува
Има три причини зашто мажите се јавуваат 1. за работа 2. за итни случаи и 3. за да слушне нечиј глас. Ако не сте му колега или не работите во брза помош, сигурно симпатиите преминуваат во нешто друго.
3. Престанува да добива толку (многу) пораки од други
Девојките пишуваат само на момци кои им возвраќаат. Ако некоја престанала да пишува, значи престанал и тој. „Имаше една девојка која често ми пишуваше глупави пораки доцна навечер, а во тој период почнаа да ми се развиваат чуства за друга девојка, па на првата и кажав да не ми пишува повеќе. Не е лесно и малце е незгодно, но потребно е.“ – раскажува еден дечко.
4. Бара совети
„Што да напишам во честитката за роденден на брат ми ?“ „Добро изгледаат чевливе со овие пантолони?“ „Каква боја блуза да купам?“. Овие прашања ги поставуваат само заљубени момци.
5. Другарите го зафркаваат
Никој не го знае подобро твоето момче од неговите другари. Ако слушнеш коментари дека тој не е социјален како порано или дека „омекнал“ за некои работи (слушај внимателно и за други субтилни муабети), веќе е твој. Другарите го знаат подолго и го забележуваат тоа што можеби ти не го забележуваш.

You must be logged in to post a comment Login