Проверете дали во вашата врска ќе пронајдете некоја од овие карактеристики:
1. Двајцата имате свои несигурности
Но, сепак, совршено се надополнувате бидејќи тие несигурности се спротиставуваат. На тој начин се охрабрувате и поддржувате во секој чекор.
2. Секое излегување го претворате во состанок
Колку и да сте долго заедно не треба да заборавите дека сè уште може да си дозволите интересни први состаноци. Заедничкото време треба да е забава и уживање.
3. Се случува да ги излажете пријателите, но никогаш меѓусебно
Некогаш ги лажете пријателите за да ја одбегнете вечерта со нив и да можете да останете заедно во тивка, романтична ноќ.
4. Секогаш гледате да сте блиску еден до друг
Дури и да сте илјадници километри оддалечени го користите секој миг за да разговарате и се чувствувате како воопшто да не сте разделени.
5. Купувате подарок без посебна причина
Дури и ако не постои никаква прилика, сепак кога ќе начекате нешто едноставно го купувaте. Тоа е мал трик со кој докажувате дека приликата не е важна туку намерата.
Секако постојат уште многу докази меѓу кои најважни се меѓусебната почит и разбирање. Доколку вашата врска ја препознавте во овие карактеристики тогаш честитки, бидете сигурни дека ќе останете заедно доживотно.

You must be logged in to post a comment Login