Првиот состанок може да претставува вистински кошмар кога станува збор за гардеробата. Бидејќи не секоја пригода одговара за кратко здолниште и сандали, ви претставуваме 5 комбинации кои одговараат на различни прилики.
На концерт
Нема ништо подобро од една девојка која носи кожа на првиот состанок.
На вечера
Облечите се во вашиот совршен црн фустан кој покажува малку кожа и е тесен на вистинските места (сите имаме еден ваков). Комбинирајте го со секси потпетици.
На кафе
Бидејќи доаѓате од канцеларија, ќе треба да се планира напред. Искомбинирајте облека која ќе одговара и за во канцеларија и за на кафе-состанок.
Кај вас дома, гледате филм
Ова е малку посложено. Дома сте, па затоа треба да ви биде удобно и опуштено, но сепак треба да изгледате секси. Облечете долна тренерка, опуштена блуза и нормално сензационална долна облека.
На пикник
Прво правило: Носете облека која не ви пречи да седнете на земја, да пиете пиво и да јадете скара. Облечете нешто лабаво и практично.

You must be logged in to post a comment Login