Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

4 работи кои мажите сакаат да им ги кажете отворено

Досега веќе научивме дека нашиот партнер не може да чита мисли. Односно, би требало да научиме.

Оставање  на партнерот да погаѓа како се осеќате никогаш не завршува добро. Постојат работи кои треба отворено да им ги кажете.

1. Што не е во ред

Апсолутно број еден, и широко позната ситуација во која тој знае дека сте му љути, но нема поима зашто, а тогаш следи славната реченица ,,не ми е ништо”. Тој мора точно да знае што погрешил, иначе се е залудно. Тој сака да знае кога сте љути, бидејќи не сака одолговлекување и непотребни драми.

2. Каков поклон сакате

Можеби мислите дека тоа ќе го уништи целото изненадување околу поклонот, но секогаш сетете се што се можете да добиете од мажот за роденденот или годишнината. Никој не може да избере поклон подобро од вас самите. И тој сака да му ги кажете желбите, бидејќи мажите не се познати како љубители на продавниците, а шопинг центрите им претставуваат само уште еден круг во пеколот.

3. Какви ви се животните планови

Веднаш да нагласиме, тоа не значи на првиот состанок да му презентирате за тоа кога сакате да имате деца, а кога внуци, но по некое време, тој самиот ќе сака да знае во која насока оди вашата врска. Ако сакате различни работи, подобро тоа да го дознаете порано отколку покасно.

4. Што сакате во креветот

Работата е едноставна – ако глумите дека нешто ви е добро, а не е така, тој тоа ќе го повторува. Кои сме ние? Жени. Го сакаме тоа? Не го сакаме. Сакаме ли да му кажеме што сакаме и што сакаме да пробаме? Дефинитивно. И тоа ќе биде на задоволство на двајцата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement