Се прашувате дали неговите чувства се искрени или ве посакува само за едно нешто? Начинот на кој се однесува прави разлика помеѓу водењето љубов и секс.
Однесувањето во креветот ќе ви открие колку е луд по вас.
Ве бакнува често и долго
Мажите најчесто не се баш заљубени и бакнежите ги сметаат за премногу интимни. Доколку ве бакнува нежно и страствено по цело тело и лице и тоа го прави често, ви покажува дека му се допаѓате и дека е луд по вас.
Му дава до значење на сексот
Сексот се разбира дека е многу важен дел во секоја врска, но партнерот кој вистински ве сака ќе се позанимава со целиот ритуал околу сексот. Ќе ја издржи предиграта, галењето и ќе се потруди пред самиот чин и вие да бидете возбудени колку и тој. Ставањето на вашето задоволство на прво место е показател за неговата љубов.
Се обидува да ги разбере вашите желби
Партнерот кој искрено ве сака ќе се обиде да ве задоволи најдобро што може. Тој ќе наслушнува што точно ви одговара, што ви е важно во сексот и ќе се обиде да води љубов на начин кој ќе развие поголема интимност од самиот сексуален чин. Тој подеднакво ќе ужива во предиграта, во самиот секс и после него.
Целосно е опуштен
Можеби во секој момент не е совршен, но неговото несовршенство го прави вашиот партнер совршен долгорочно. Партнерот кој вистински ве сака и кој не може да го замисли својот живот без вас секогаш во ваше присуство, и за време на сексот ќе биде целосно опуштен. Баш затоа што да биде со вас за него претставува најприродна работа во светот.

You must be logged in to post a comment Login