Без разлика дали сте во врска или не, морате да го негувате она што најмногу го сакате кај вас и да се прифатите самите себе. Доколку сте задоволни од себе си, тогаш ќе бидете задоволни со својата врска. Не дозволувајте врската да го “уништи“ она што ве прави Вас. Сакајте се и чувајте се самите себе.
Многу од нас се губат себе си додека сме во врска, бидејќи се обидуваат да бидат што подобри за својот партнер, надевајќи се дека на тој начин ќе ве сака многу повеќе, но вистинската љубов за нас, всушност потекнува од самото тоа да бидеме во врска со самите себе.
Најдобар начин да имате вистинска љубов е да започнете да се сакате себе, а ова листа ќе ви помогне во тоа. Еве 20 начини како да се сакате себеси додека сте во врска:
1) Заборавете на грешките што ви ги имаат направено вашите бивши.
2) Секој ден погледнете се во огледало и кажете си дека сте преубави.
3) Бидете свој најдобар другар.
4) Смејте се.
5) Поддржувајте го партнерот.
6) Сакајте повеќе, грижете се помалку.
7) Престанете да ја споредувате својата врска со врската на останатите парови.
8) Верувајте му на партнерот.
9) Не плашете се да бидете чувствителни.
10) Бидете ранливи.
11) Верувајте во себе.
12) Ослободете се од потребата секогаш да бидете во право.
13) Верувајте и на својата интуиција.
14) Запамтете, љубовта треба да биде едноставна.
15) Неодложувајте ги задоволствата.
16) Слушајте наместо да толкувате.
17) Фокусирајте се на убави работи.
18) Немојте да се форсирате само за да го одржувате претходниот резултат.
19) Играјте исто како кога бевте дете.
20) Верувајте во “си живееја среќно до крајот на животот“.

You must be logged in to post a comment Login