Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

12 едноставни начини да го зајакнете бракот

Ако сакате да останете до крајот на животот со личноста со која сте моментално во брак, тогаш морате да го ставите својот брак на врвот на своите приоритети.

Прочитајте неколку едноставни совети за да го подобрите или одржите квалитетот на својот брак.

Одвоите време за да останете сами

Одвоите време за да останете сами и пуштете го својот сопруг да остане сам некое време. Научете да почувствувате кога му е тоа потребно или едноставно нека ви каже, а и вие направете го истото. Само кажете си го тоа еден на друг на убав начин.

Поврзете се со неговите пријатели, а тој со вашите

Ако веќе не сте блиски со пријателите, испланирајте групни видувања за да можете подобро да се запознаете. Со интересирањето за луѓето кои тој ги сака, ќе го подобрите својот брак.

Пуштете го да се гледа насамо со другарите

Иако неговите пријатели ве сакаат, и понатаму треба да го пуштите понекогаш со нив да се гледа сам. Немојте да му “набивате” вина што ве остава сама дома. На двајцата ви е потребно да имате одвоени друштвени животи.

Поврзете се со семејството на партнерот

Многу е важно добро да се согласувате со семејството на партнерот, како што и на вас ви е важно тој добро да се согласува со вашето. Одржувајте контакт со членовите на неговото семејство, делете им комплименти, покажете интерес за тоа што кај нив се случува. Дури и ако не ги сакате, трудете се да бидете во добри односи со нив и не му зборувајте лошо за нив.

Допирајте се што почесто

Држете се за рака, допрете го на поминување, милувајте го по косата додека седите и гледате телевизија, измасирајте се еден со друг. Физичкиот контакт го поттикнува создавањето на хормоните за среќа окситоцин, а несексуалниот физички контакт ви порачува и вам и нему дека другата страна се грижи.

Заборавете на старите проблеми

Тоа што било, поминало. Немојте во новите караници да повлекувате стари карти, тоа не е фер.

Играјте заедно

Дури и ако сте под стрес (а тоа е причина повеќе), предложете му на својот сопруг заедно да одите на тенис, одбојка или слично, да играте видео игра или да одите во забавен парк. Покажувајте ја често оваа ваша страна и потсетувајте го всушност колку сте забавни.

Препознајте кога треба само да послушате (а не да советувате)

Понекогаш ви е вам или на вашиот партнер потребно само да кажете и исфрлите се од себе. Со совет некогаш можете да постигнете спротивен ефект од тоа што сте сакале. Затоа кажете му на сопругот кога ви е потребно само да ве ислуша.

Зборувајте за вашите почетоци

Наместо минатото да го наведувате како пример што денес недостасува, присетете се на убавите работи кои сте ги доживеале тогаш. Присетете се на романтичната вечера која ја имавте на вториот состанок и двајцата ќе се чувствувате убаво.

Гответе заедно

Организирајте се за да подготвите оброк заедно. Тоа може да биде многу интересно искуство, а при тоа ќе имате можност да разговарате и да се пошегувате еден со друг.

Расправајте се фер

Избегнувајте при расправии да користите зборови како “секогаш” или “никогаш” за да го обвините сопругот за нешто. Ако ви се испушти, поправете се брзо. Во текот на расправијата, потсетете се еден со друг дека се сакате и потрудете се да најдете компромис. Двајцата мора да знаете кога треба да се извините.

Прифатете го фактот дека двајцата понекогаш имате “жолта минута”

Понекогаш, кога сме под стрес, стануваме незгодни. Тоа им се случува на сите, па немојте да се изненадите кога ќе му се случи и на вашиот сопруг. Двајцата мора да научите да ги прифатите тие моменти кај другиот и да поминете преку нив без караници, и со извинување ако е потребно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement