Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

10 знаци дека тој е заинтересиран за вас

Имено, постојат знаци кои многумина ги сметаат за потврда на неговиот интерес за вас. Иако понекогаш говорот на телото може да биде доста збунувачки, важно е да се знае од каде да се почне.

Симпатично ви се насмевнува

Насмевката секогаш е добар знак, а исклучок не е ниту заведувањето. Ако го фатите како ви се смешка, веројатно некако сте го фатиле неговото внимание и тој сака да го продолжи контактот со вас. Можеби е срамежлив, па ќе му треба малку поттик за опуштање, затоа ако ви се допаѓа, дадете му до знаење дека има зелено светло.

Образи му се заруменети

Можеби веќе сте ја доживеале тешкотијата на заведување срамежлив дечко, но ако еднаш сте изгорени не значи дека треба и понатаму да избегнувате такви мажи. Ако забележите дека се врти околу вас како сателит и дека образите му се црвени од срам, пријдете му вие нему.

Воспоставува подолг контакт со очите

Овој знак може да ве измами, но сепак вреди да му обрнете внимание. Иако тој контакт е дел од секојдневната комуникација, кога е заведување во прашање, важно е неговото времетраење. Ако тој го држи погледот на вас повеќе од просечен контакт, најверојатно станува збор за флертување.

Ги имитира вашите реакции

Ова е еден многу интересен феномен, кој секогаш се случува кога станува збор за луѓе кои ги сакаме. Поточно, ако некој човек за време на разговорот со вас, на секоја ваша насмевка реагира на исти начин, или на ваше изненадување и тој останува занемен, веројатно станува збор за поголем интерес.

talk-to-women

Мета сте на неговите допири

Ова движење не е само форма на добри манири и љубезен начин да ви се објасни нешто, пораката на ова движење всуштност е “Не сакам да те изгубам”. Тој сака да ви покаже дека се грижи за вас и дека никој друг не ви е потребен.

Има проширени зеници

Погледот често открива повеќе отколку што сакаме, и така е и додека заведуваме. Всушност, кога нешто не привлекува, зениците рефлексивно се шират. Ова е еден од најпознатите видливи знаци дека му се допаѓате.

Ги подигнување веѓите

Ова ситно, речиси незабележливо движење открива многу. Имено, ако тој е заинтересиран за вас, неговите веѓи ќе се подигнат, но сето тоа ќе трае многу кратко, само неколку секунди. Поточно со подигање на веѓите, очите изгледаат поголеми, а рефлексијата на светлината ги прави очите посјајни, посветли и поатрактивни.

Немирен е во ваша близина

Иако тој е возрасен човек, има одговорна работа и сопствен стан, не значи дека тој не е нервозен кога станува збор за заведување. Не го игнорирајте овој симпатичен сигнал дека тој е заинтересиран за вас.

Ги држи рацете на колковите

Раце на колковите или половината се класичен знак на покажување самодоверба. Ако се сретнете со овој начин на заведувањето, можно е да си имате работа со мачо маж, желен да се докаже.

Често поминува со прстите низ косата

Кога луѓето се нервозни тие имаат тенденција повеќе од вообичаено да ја допираат својата коса. Ако тоа се случува додека тој е во ваша близина, тоа испраќа позитивна порака. Најверојатно сака да ви кажам нешто интимно и романтично, но не е многу добро на зборови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement