Заработка која се проценува на 75 милиони долари на Робер Дауни Џуниор му го обезбеди врвот на Форбес листата за најплатени актери и тоа втора година по ред.
Важно е да се посочи дека Дауни Џуниор на врвот на листата ова година се најде поради неговиот единствен снимен филм годинава “Chef“. Сепак, најголемиот дел од неговара заработка доаѓа како надокнадата од филмот “Iron Man 3”, кој во 2013 година низ светот заработи 1,2 милијарди долари.
Втор на листата е Двејн Џонсон, кој годинава ја помина работејки на филмовите “Hercules” и “San Andreas” со 52 милиони, а на третото место е Бредли Купер со 46 милиони долари заработка во текот на овие 12 месеци. Меѓу првите пет се најдоа и Леонардо Ди Каприо со 39 милиони и Крист Немсворт со 37 милиони.
Том Круз, кој беше на врвот на листата во 2012 година, ова година не се најде на списокот.

You must be logged in to post a comment Login