Од своето деби во 1959 година, Барби го задржала чекорот со времето и трендовите. Таа станала култна икона во која е дадена чест, како ретко која друга играчка на светот. Таа ги инспирирала модните креатори од целиот свет како што се Кристиан Диор, Версаче, Вера Ванг и многу други, за да ја направат куклата од соништата. Но кој дошол до идејата да ја направи најскапата барби кукла?
Мател во соработка со дизајнерот на накит Стефани Кантури на направиле најскапата барбика во светот. Таа е продадена на аукција во 2010 година по цена од 332.000 долари на анонимен купец, а сите приходи се поклонети во фондацијата во борбата против рак на дојката.
Таа е најскапа бидејки е во црна вечерна хаљина украсена со бели дијаманти кои го красат нејзиниот врат и квадратни дијаманти кои го заземаат централното место на огрлицата. Дијамантскиот прстен се наоѓа на нејзината десна рака и допотолнета е со сет накит.
Розевиот дијамант е посебно биран и инспириран за Барби куклата. Познат е по својата препознатлива пурпурно розе нијанса, редок и е единствен за колекционерите и многу повреден од еквивалентот на белиот дијамант.


You must be logged in to post a comment Login