Маноло Бленк во интервју за Гардиан се присетува на соработката со екипата на серијата Сексот и Градот, а открива и какви чевли ги смета за најубави. Дизајнерот се прослави со оваа серија, односно авторката на колумните на соновата на која е снимана.
– Кендас Бушнел ги сакала многу моите чевли и одеднаш цел град збореше за тоа. Сето тоа ми ласкаше, но денес ми се чини како многу далечно – изјавил Маноло.
Тој пак не мисли дека чевлите говорат многу за човекот, иако го поминал цел свој живот креирајки ги, но затоа признава какви чевли апсолутно не ги сака.
– Јас сум за штикли. Чевлите со платформа се ужани,и најубавите нозе во нив изгледаат одвратно. Можете да ги комбинирате само со долги хаљини, така да никој не ги гледа – изјавил тој.

You must be logged in to post a comment Login