Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Првата фотографија од Лејди Гага во серијата „Wednesday“: Откриено е и кого ќе игра (ФОТО)

Лејди Гага ќе ја игра професорката Розалин Ротвуд во втората сезона од серијата „Wednesday“, а обожавателите конечно ја добија својата прва фотографија од неа во улогата.

Поп-ѕвездата, добитничка на Греми, Оскар и Еми, се појави на настан организиран од Нетфликс и Спотифај заедно со Џен Ортега, Ема Мајерс и Џој Сандеј, каде што премиерно ја претстави својата нова песна „The Dead Dance“.

Синглот е објавен на 3 септември, истиот ден како и продолжението на популарната серија „Wednesday“, во која Лејди Гага ќе дебитира како дел од темниот свет на семејството Адамс.

Нејзината улога ќе биде клучна – мистериознaта професорка Ротвуд ќе се вкрсти со Венздеј, а продуцентката и главна глумица Џена Ортега откри дека Гага совршено се вклопува во атмосферата на Nevermore.

  • Ако ја сакате „Wednesday“ и ако ја сакате Лејди Гага, ова е совршениот спој. Таа е неверојатна, вистинска сила на природата – рече Ортега, додавајќи дека гледањето на Гага на снимање било „нереално искуство“.

Во втората сезона се враќаат и Кетрин Зета-Џонс како Мортиција, Луис Гузман како Гомез, Ема Мајерс како Енид и Исак Ордонез како Пагсли, кои овој пат ќе се приклучат на Академијата „Невермор“.

Новите епизодни поглавја ќе бидат уште потемни и повеќе ќе се потпираат на корените на хорор серијата. Официјалниот синопсис алудира на застрашувачка натприродна мистерија, додека Венздеј ќе мора да се справи со променливи сојузи, нови тајни и комплициран однос со нејзината мајка.

Создавачите на серијата нагласуваат дека овој пат нема да има романтични заплети, туку фокусот ќе биде на тензија, сатира и темни возбудувања, што е она што го сакаше публиката.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement