Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Почина Софи Кинсела, писателката чии книги за една купохоличарка „го заобиколија“ светот

Мадлен Викам, најпозната по својот бестселер „Исповедите на една купохоличарка“ и под псевдонимот Софи Кинсела, почина на 55-годишна возраст.

Викам, која романописецот Џоџо Мојес ја нарече „кралица на романтичната комедија“, напиша повеќе од 30 книги за возрасни, деца и тинејџери, кои се продадени во повеќе од 45 милиони примероци.

Во април 2024 година, Викам објави дека кон крајот на 2022 година ѝ е дијагностициран глиобластом, агресивен вид рак на мозокот, и дека по операцијата била подложена на радиотерапија и хемотерапија.

Родена е во Лондон во 1969 година. Студирала музика на Њу колеџ, Оксфорд, пред да се префрли на филозофија, политика и економија.

По дипломирањето, станала новинарка во областа на економијата, но рекла дека работата ѝ била здодевна. За време на долгите патувања до центарот на Лондон, читала книги во меки корици од авторки како Мери Весли и Џоан Тролоп, и тогаш посакала да напише книга.

На 24-годишна возраст, таа го напишала својот прв роман, „Тенис забавата“ – за група пријатели кои учествуваат на викенд турнир.

„Тенис забавата“ бил првиот од седумте романи што Викам ги напишала под нејзиното вистинско име, објавувани годишно помеѓу 1995 и 2001 година, вклучувајќи ги: „Коктели за тројца“, „Свадбената девојка“, „Аранжмани за спиење“ и „Порталката“.

Книгите на Мадлен Викам се доста различни од нејзините подоцнежни книги, кои ги напиша под псевдонимот Софи Кинсели.

„Тие се малку посериозни, малку потемни и сите се ансамблски дела без главен лик, туку групи ликови чии животи се некако испреплетени“, еднаш рече писателката.

Викам го доставила првиот ракопис напишан под името Софи Кинсела „Тајниот свет на една купохоличарка“ („The Secret Dreamworld Of a Shopaholic“) без да го открие својот идентитет на издавачите.

Книгата, објавена во некои земји како „Исповедите на една купохоличарка“, беше објавена во 2000 година и стана првиот од 10-те дела во серијата „Купохоличарка“. Приказните ја следат Беки Блумвуд, финансиска новинарка со проблем со трошењето. Првиот и вториот роман од серијата беа адаптирани за филм.

Почнувајќи од 2003 година, Викам објавуваше и самостојни романи како Софи Кинсела. Меѓу нив се делата: „Можеш да чуваш тајна?“, „Недомашната божица“ и „Се сеќаваш на мене?“.

Викам го запознала својот сопруг Хенри Викам на нејзината прва вечер на Универзитетот Оксфорд и се омажила за него кога имала 21 година. Таа ги остава зад себе сопругот и петте деца.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement