Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

ВИДЕО / Интервју со Ози: „Паднав на возачки испит 18 пати, а еднаш се онесвестив на семафор“

Пејачот на легендарниот хард рок бенд Black Sabbath, Ози Озборн, почина на 76-годишна возраст пред неколку недели.

Во видео клип од „Шоуто на Хауард Стерн“, Ози призна дека се обидел да го положи возачкиот испит 19 пати пред да успее. По бројни неуспеси, конечно ја добил возачката дозвола на 60-годишна возраст.

Се онесвестил на семафор

Ози објаснил дека главната причина за ова е тоа што во повеќето случаи бил „или премногу пијан или имал мамурлак“, признавајќи дека на тестовите се појавил неподготвен.

Еднаш дури се онесвестил додека чекал на семафор за време на тестот, а кога се разбудил – испитувачот не можел да го разбуди за да го продолжи тестот.

Иако со години возел разни автомобили нелегално и без дозвола, дури откако се појавил трезен и собран, успеал да го положи тестот. Од 19-тиот обид.

Но, Ози не уживал долго во својата возачка кариера. Имено, тој се откажа од возењето откако го удри својот нов Ферари 458 Италија во 2010 година.

Несреќата не остави никакви сериозни последици, никој не беше сериозно повреден, но Ози одлучи дека е подобро да се премести на задното седиште на седан или теренец. Тој не возел од таа несреќа…

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement