Главните луѓе на линијата за долна облека “Викторија Сикрет” објавија дека овогодинешното шоу од Америка се сели во Лондон по прв пат.
Брендот кој има 1000 продавници низ светот, ја потврди информацијата на улицата Бонд. На ова случување беа и најубавите манекенки, Кендис Свонпул и Адријана Лима.
Од 1995 година, кога за прв пат беше организирана првата ревија во Њујорк, шоуто само еднаш било организирано надвор од Америка.
Лили Олдриџ, Кара Делевин и Доуцен Крос се само некој од анѓелите кои носеа провокативна долна облека на последната ревија во Њујорк.

You must be logged in to post a comment Login