Најпознатите и најуспешни дизајнери на модната куќа Валентино, Марија Грација Кјури и Пјер Паоло Пиколо неодамна на одржаната модна недела во Париз, ја презентираа новата колекција покажувајќи дека овој бренд нема намера да го препушти приматот во светската мода.
Пред неколку дена, актерката Оливија Вајлд на 86-тото доделување на Оскарите во ЛА, носеше фустан со потписот на Валентино одушевувајќи ги модните критичари.
Гламурот кој Оливија го донесе со себе на Оскарите беше присутен и на ревијата во Париз. Валентино овојпат понуди најразлични стилови, еднобојни модели, креации со етно мотиви, неутрални и јаки бои, уверувајќи не дека со модната еклектичност можат да се справат само најголемите познавачи на модата.
Покрај иновативните модели, на пистата продефилираат и класичните, затоа што Валентино не се откажува од својата препознатвила елеганција.
Погледајте ги сите модели!







You must be logged in to post a comment Login