Не можете да одберете што да облечете? Потребен ви е предлог како да ги искомбинирате алиштата што ги имате? Можеби само ви фалат идеи како да почнете. Сѐ што ви е потребно е малку време.
Прв чекор
Целта е да размислувате надвор од рамката и секое едно парче облека да го комбинирате со што повеќе други алишта. Вадете парче по парче од вашиот шкаф и со секое од нив поединечно обидете се да направите што повеќе добри комбинации. Потоа фотографирајте ги финалните решенија со вашиот мобилен телефон, за да имате готови идеи кога наутро нема да знаете што да облечете.
Втор чекор
Дополнете ги своите комбинации на облека со модни додатоци. За да бидете добро облечени, не можете без накит. Од друга страна пак, модните додатоци ви овозможуваат да ги прилагодите истите парчиња облека за носење во потполно различни прилики.
Трет чекор
Носете ја онаа облека која ве претставува во најдобро светло. Ако не се чувствувате доволно убави, витки или сте под влијание на ПМС, направете нешто спротивно од очекуваното и изберете ведри бои. Облечете нешто за што веќе ви дале комплимент. Не е важно колку пати сте го носеле истото, ако ви стои добро и во тоа се чувствувате одлично и самоуверено, тогаш облечете го повторно.




You must be logged in to post a comment Login