Најмагичната манекенка некогаш: Со само 4 години и многу фантазија на мајката (ФОТО)
Малата Мајхем и нејзината мајка Ејнџи тргнаа во вистинска дизајнерска авантура – правење фустани од хартија.
Спојот од креативноста и трудот е идеална комбинација за успех, и дека талентот нема никаква врска со возраста, добар пример е 4-годишната Мајхем.
Со целосната поддршка од својата мајка Ејнџи, девојчето покажа неверојатен интерес за модата која ја пренесе во, не помалку, уникатните фустани од хартија.
Еден сосема обичен Instagram профил на мајката и ќерката (2sisters_angie) со фотографии од секојдневниот живот – како си играат во паркот, уживање во појадокот, позирањето на малечката Мејхем во фустани – прерасна во нешто сосема неверојатно. Нивниот профил сега го прати повеќе од 82.000 луѓе, и еве зошто.
Сето тоа започна како игра, а се претвори во повеќе отколку што се очекуваше. Оваа малечка волшебничка и нејзината мајка се оддадоа на вистинска дизајнерска авантура – правење фустани од хартија.
Од фустани за кукли, до оние наменети за малата Mајхем, облека за на плажа, за играта во паркот, до вистинска имитација на гламурозни фустани, кои меѓународните ѕвезди ги прошетаа на црвениот тепих.
Идеите во главата на малечкото девојче и нејзината мајка се многу, надоаѓаат се повеќе, а од ден на ден на Instagram профилот осамнуваа се подобри, поинтересни и поневообичаени вистински креации. И сето тоа со помош на ножици, ленти и хартија – мат, сјајна, дебела, потенка, едно бојна или шарена. Како помош, понекогаш им служат и обичен лепак, хартиени марамчиња или алуминиумска фолија.
“Инспирацијата ја пронаоѓаме каде и да одиме. Пример, фустанот” ајкула ” беше направен по првата посетана Мајхам на аквариумот. Покрај тоа, таа наоѓа идеи од цртаните филмови и книги кои го читаме, како што се Мини Маус, Моето мало Пони и кралицата Елза од цртаниот филм Frozen, а понекогаш на Google пронаоѓам фотографии од церемонии на доделување на награди, и ги покажувам, а таа ќе го избере тоа што треба да се направи “, објаснува мајката Ејнџи за Huffington Post.
За нив, граници не постојат, па многу вешто се направени прави копии на фустани, кои познатите дами ги носеа на црвениот тепих, како оние кои сме ги виделе на Кети Пери, Лупита Најонго, Џенифер Лоренс и Тејлор Свифт.























You must be logged in to post a comment Login