Во музејот на современа уметност „Метрополитен“ во Њујорк се наоѓа чудото од фустан „ Maria- Luisa (dite Core)“ на Џон Галијано, од колекцијата пролет/лето 1998 година.
Во дизајнот за модната куќа „Диор“ од морнарско сина свила, Галијано ги споил елементите на францускиот моден стил со силуети од кринолин застапени од средината на деветнаесетиот век. Деталите на корсетот и отворениот преден дел на фустанот навестуваат дека се работи за стил од осумнаесеттиот век, но големиот обрач кој го одржува фустанот во правилната ширина од над два и пол метри, потсетува на подоцнежната конструкција на обрачи од времето на Второто француско царство. Погледнете ја оваа убавина, која заслужува да биде сместена меѓу уметничките дела.


You must be logged in to post a comment Login