Популарната поп пејачка Ријана за Вог ги споделила своите најбитни модни закони
Иако до пред неколку години имаше имиџ на слатка тинејџерка од Барбадос, за кратко време го разви имиџот на „bad girl“ фазон. Таа го спојува гранџот со хип хоп модата од девеесетите со отмени детали, Ријана се класифицира како стилски предводник на новите генерации.
Уредниците на модните списанија ја обожаваат, а нејзината колекција од шминка и гардероба се распродаваат ширум светот.
Прочитајте ги модните совети кои според неа се најбитни.
Не е се во дијамантите
Мојот накит е лажен. Го купувам и од бутикот Fabulus на мојата мајка во Барбадос.
Јакните се најбитни за COOL ефект.
Највеќе од се сакам јакни. Со добра јакна може да се постигне секој ефект. Можеш да ја имаш било која силуета под, дури изгледа интересно и на фустани.
Градник? Каков градник?
Ако носам топ не носам градник. Ако носам градник не носам топ.
Високите штикли се предност
Сакам да играм со нив. Тука не се работи за болка туку работата е во предноста. Си кажувам дека сакам да изгледам убаво а за болката ќе се грижам покасно.
Комбинирај спортски и софистицирани детали
Се почна на пробите за танц. Кога си на турнеја, вежбаш во патики и тренерки. Потоа ја вежбаш песната во штикли кои ќе ги носиш вечерта и така комбинацијата од тренерка и штикла почнаа да изгледаат кул.