Прочуениот американски фотограф, познат по портретите и скандалозните голи фотографии, Тери Ричардсон, сними кампања за Valentino во која се појавува и како модел.
Ова е необичен избор на италијанската модна куќа чии кампањи најчесто се одликуваат со елементи позајмени од бујната фантазија и аристократскиот сјај, наспроти интензивниот, екстремно контрасен, нерафиниран стил на Ричардсон.
На фотографиите се гледаат тетовираните раце на фотографот како контраст на деликатните и женствено обликувани чевли и елегантните дамски чанти, со кои целиот бренд доби по малку рокенрол имиџ. Кампањата се вика: “Valentino Camuglam by Terry Richardson“.
















You must be logged in to post a comment Login