Телото после породување значително се менува и потребно е време и труд да се врати на старо. Поради тоа многу новопечени мајки поминуваат низ тежок период во кој нивната самодоверба е многу нестабилна. Сепак, постојат мали модни триково кои на телото го истакнуваат само најубавото.
Еластични фармерки
Земајќи во предвид дека телото со текот на времето кќе се врати во првобитниот облик темноплавиот модел на фармерки со повисок струк и еластична гума и со многу еластин се прилагодува на секоја градба на телото што значи дека можете да ги носите во сите фази. Исто така, кројката која ја прати линијата на телото изгледа многу поелегантно од широки тренерки, затоа пронајдете го својот крој по ваша мерка.
Машка кошула
Шитока кошула со машки крој е ваш сигурен сојузник, и пред да тргнете во продавница фрлете поглед во орманот на вашиот партнер. Машката кошула можете да ја комбинирате со хеланки и чизми, или пак со прво-споменатите фармерки. Таа ке ги прикрие деловите на вашата половина и ке го истакне најубавото на вашето тело.
Елегантни балетанки
Иако на мајките најубобно им е во патики и во тренерки, ако сакате понекогаш да се средите и да излезете во прошетка со количката, елегантен модел на балетанки во полна боја со упадливи или светкави детали се вашиот сојузник. Покрај тоа што се удобни за носење, тие изгледаат и многу женствено.
Стегач
Се што во текот на изминатите девет месеци се „проширило“ на вашето тело, паметниот стегач држи се на место. Освен тоа што е корисен, ова помагало е ваш сојузник за враќање на вашата самодоверба. Благодарејќи на стегачот туника или фустан ќе изгледаат беспрекорно на вашето тело.
Трудничка облека
Иако веќе немате труднички стомак тоа не значи дека мора да се откажете од трудничката облека. Туника или мајца со широк крој може совршено да се искомбинира со фармерките и балетанките, а доколку сакате да ја истакнете линијата на вашата половина со модни додатоци како појас, широката мајца може да се претвори во тренди парче на облека.
Деколте
Најголем број на жени после раѓање го сокриваат своето тело под широка и комотна облека, но постои детал кој можете гордо да го истакнете, се работи за деколтето. Маиците со затворен врат заменете ги со оние со V израз, а кај кошулите отворете едно копче повеќе. Тоа во момент ќе ја истакне вашата женствена страна.
Градник
Уште еден детал кој значајно може да ја подигне сигурноста е соодветниот градник. Кога ќе се земе во предвид дека веднаш после породувањето вашите гради се пополни и поголеми, не обидувајте се да ги ставите во стариот премал градник, туку набавете си нов и покомотен кој добро ќе ги истакне вашите облини и ќе ве направи елегантни.

You must be logged in to post a comment Login